Големите достигнувања во бизнисот, никогаш не се направени од една личност. Тие се резултат на цел тим на луѓе. Нашиот тим инспириран од европските трендови, од нивниот практичен и модерен стил, го креира брендот Timwork.

Како исклучиво нов бренд на македонскиот пазар, нашата цел е да ви понудиме практични, а воедно и модерни безвременски дизајни на ранци и модни додатоци.

Со нашите добро дизајнирани, стилски и квалитетни производи се стремиме да бидеме дел не само од вашето секојдневие, туку и вашите авантури и патувања.

Нашите производи се произведени исклучиво од висококвалитетни материјали, со европски сертификат.

Зад нашиот бренд стои компанијата June Pro Dooel, којашто е специјализирана за дизајн, изработка на шаблони и производство на ранци, торби и секаков вид модни дотатоци за електронски уреди. Истата веќе 8 години произведува за германскиот бренд Adore June.